Шеснаесет земји побараа итно ослободување на заложниците во Газа

Заложници од Израел земени од Хамас / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Шеснаесет земји во заедничка изјава повикаа на итно ослободување на заложниците во Газа, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за прекин на огнот и ќе овозможи испорака на хуманитарна помош.

„Ние силно ги поддржуваме тековните посреднички напори за враќање на нашиот народ дома. Го повторуваме нашиот повик до Хамас да ги ослободи заложниците и да ни дозволи да ставиме крај на оваа криза, за да можеме заеднички да ги фокусираме нашите напори за воспоставување мир и стабилност во регионот, се додава во заедничката изјава на Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд, Обединетото Кралство и САД.

Во текстот се нагласува дека „договорот за ослободување на заложниците ќе доведе до итен и продолжен прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи испорака на дополнителна неопходна хуманитарна помош да се достави низ Газа и да доведе до сигурен крај на непријателствата“ и „жителите на Газа ќе можат да се вратат во своите домови и имоти со претходно направени подготовки за обезбедување засолниште и хуманитарна помош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот