profimedia

Шерон Стоун објасни зошто завршила со врските: „Не ми треба уште едно дете“ (ВИДЕО)

Актерката ја отвори душата во емисијата на колешката Дру Баримор…

Актерката Шерон Стоун виртуелно гостуваше во емисијата „The Drew Barrymore Show“ на колешката Дру Баримор, а таму раскажала бројни детали од нејзиниот живот.

Ѕвездата на филмот „Basic Instinct“ раскажа дека завршила со врските и објаснила зошто.

„Завршив со забавувањето… Затоа што сметам дека луѓето се неискрени и не се вредни за моето време. Јас уживам во мојата самотија и времето кое го поминувам со моите деца и моите пријатели“, рече Шерон и продолжи:

„Мислам дека не ми треба уште едно дете. Не сакам никаква неискреност и никакви глупости“, истакна актерката.

Стоун навела и дека не чувствува дека „мажите се на исто место каде што се жените денес“:

„Чувствувам дека мажите кои ги среќавам се многу добри машки пријатели, но кога станува збор за емоционалната зрелост во врските, мажите и жените се наизглед на различни места“, раскажа актерката.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот