
Шер се повлекува по шест децении на сцената: „Па јас сум постара од прашината“
Пејачката Шер, која има 76 години, во вторникот на сцената на театарот „Лицеум“ во Лондон откри дека нејзиниот претстоен албум ќе ѝ биде последен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Таа зборуваше за нејзината кариера на турнејата на која ја промовира нејзината биографија. Додека беше на сцената, пејачката ѝ откри на публиката дека е подготвена да се пензионира, но не пред да го објави својот нов проект, прв од 2013 година, пишува „Дејли мејл“.
Ѕвездата рече: „Ова е веројатно последниот албум што ќе го направам. Навистина сум возбудена. Тоа се одлични песни и јас сум навистина возбудена што ќе го направам тоа“.
Шер потоа се пошегува дека имала среќа што може воопшто да работи сега кога има 76 години, додавајќи: „Јас сум постара од прашината, добро?“.
Таа потоа се пошегува дека е среќна што воопшто може да прави било што, бидејќи сега е постара од повеќето луѓе што ги среќава, освен ако не е во дом за стари лица.
Таа додала дека почнала да им дава совети на помладите жени и да им кажува да уживаат во животот, откривајќи дека би дала сѐ за повторно да има 60 години.
Шер се пошегува дека не е важно колку години имаш, секогаш треба да се чувствуваш убаво, нарекувајќи се себеси „убавица“.
Поп ѕвездата призна дека тешко се справува со стареењето.
Таа додаде дека сака да биде во друштво на помлади луѓе бидејќи сѐ уште не е подготвена да ги прифати своите години.
Таа рече: „Ми се допаѓаат младите луѓе, бидејќи многу мои пријатели не сакаат да се забавуваат толку многу. Тие нека си бидат старци“.