
Шер сака да го остави својот 40 години помлад партнер: На прагот на 80. одлучи дека ѝ е доста од журки
Приватниот живот на пејачката Шер секогаш привлекувал внимание. Таа се омажила двапати и имала неколку познати врски. Последните три години е во врска со 39-годишниот репер и продуцент Александар Едвардс, што на многумина им се чинеше необично.
Препорачано
Според информациите на „Радар Онлајн“, Шер одлучила да ја прекине врската со Александар, поради замор од раскошниот начин на живот кој го води тој. Нејзината фамилија не била во целост задоволна од врската, особено откако се појавија шпекулации дека Шер размислувала да го вклучи Александар во својот тестамент.
„Александар е малку необичен, како што велат луѓето блиски до неа. На прагот е да наполни 80 години и ужива во времето со него, но почнува да чувствува дека тој не е за неа“, изјавил извор близок до пејачката.
Дополнително, проблемите со нејзиниот најмлад син, 49-годишниот Елајџа Блу Олман, кој со години се бори со зависност од дрога, исто така влијаеле на одлуката на Шер. Ситуацијата се влошила откако неговата сопруга поднела барање за развод во април 2025 година, а Елајџа бил примен во болница по сериозно предозирање во јуни истата година.
Романтичната врска меѓу Шер и Александар започнала во 2022 година, кога првпат биле забележани заедно на Неделата на модата во Париз. Разликата од речиси 40 години предизвикала сомнежи во искреноста на нивните чувства, но Шер редовно одговарала на критиките со зборовите:
„Љубовта не познава граници“.
За време на врската, парот имал разни јавни моменти, како фотографијата со дијамантски прстен во декември 2022, што покрена шпекулации за веридба, но нивните претставници брзо демантирале. Во мај 2023 година се појавиле информации за нивно раздвојување, а септември истата година повторно биле видени заедно во Париз.
На фестивалот Коачела во април 2025 година, Александар бил фотографиран со полуголи жени, што предизвикало реакции меѓу фановите, но претставниците на Шер појасниле дека станува збор за негови пријателки и дека парот нема проблеми во врската.
Потсетуваме дека Шер имала бурна историја на врски.
Нејзиниот прв сопруг, Сони Боно бил неверен, додека вториот, Грег Олман, имал проблеми со зависност од дрога. Александар Едвардс бил наречен „љубовта на нејзиниот живот“, но и таа врска сега најверојатно се приближува до својот крај.