twitter.com/Bolanet

Шампионски карневал во Рио: Бразил ја освои „Копа Америка“! (ВИДЕО)

После 12 години, Бразил е повторно на врвот во јужноамериканското првенство. Нивна деветта титула континентален шампион, а прва после 2007 година.

Сите голови беа реализирани во текот на првото полувреме, Бразил поведе во 15 минута со погодокот на Евертон.

Непосредно пред паузата по еднаш беа затресени мрежите на двајцата голмани Алисон и Галјесе. Најпрвин од пенал израмнија Перуанците кој го реализираше Гуереро, но нивната радост кратко траеше.

Артур убаво го пронајде Габриел Хесус на кој не му беше тешко да им донесе нова позитива на „кариоките“. Играчот на Манчестер сити, освен што се прослави, мораше и предвреме да го напушти теренот поради два жолти картони. Вториот го доби во 70 минута, невнимателен, грубо фаулираше со лактот и судијата му го покажа патот кон соблекувалната.

Наместо ваквата предноста да ја искористи Перу за евентуален нов егал на средбата, и со фудбалер помалку домаќините дојдоа и до трет погодок, што беше и решавачки за освојување на трофејот.

За голема радост на трибините се погрижи Ришарлисон во 88 минута кој стрелаше од белата точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!