Шампионката на УС Опен од 2021 година по проблемите со повредите се враќа на терените

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Шампионката на УС Опен од 2021 година, Ема Радукану се враќа на тениските терени откако немаше настап од април и поради тоа падна на 294. Место на ВТА лигата.

Радукану имаше сериозни проблеми со повредите и на терените се враќа по три направени операции.

Нејзиното враќање ќе биде на турнирот во Нов Зеланд кој се игра од 1. до 7. јануари. Иако е 294. место, Радукану доби специјална покана за настап од организаторите.

Годинава Радукану одигра само девет мечеви, а во мај ги оперираше двете раце и левиот зглоб. Болката во коските во близина зглобовите ја мачеше од крајот на минатата година, па оперативниот задат беше неизбежен.

Тенисерката која лани заработила 11,5 милиони евра, е на 294. место на ВТА листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот