шаќири
Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири/Фото: kfshkendija.com

Шаќири: Среќата е потребна и во фудбалот, нè чекаат уште 90 минути во Ерменија

Фудбалерите на Шкендија отпатуваа за Ереван каде што в четврток (17.00 часот) ќе го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на конференции против ерменскиот Арарат.

Потсетување дека тетовските „црвено-црни“ на првиот меч во Скопје триумфираа со резултат 2:0 и се поблиску до пласман во следната рунда.

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири вели дека ништо не е готово и дека ќе се даде максимумот и на возвратната пресметка да се оствари целта.

– Задоволни сме од резултатот во првиот натпревар, нè чекаат уште 90 минути во Ерменија, таму ќе играме за да се пласираме во следната рунда. Среќата е потребна и во фудбалот, а среќата беше на наша страна. На дуелот во Скопје нашите играчи добро блокираа, но и голманот беше одличен. Ќе се трудиме да бидеме подобри, и секако грешките кои се направени да не се повторат во иднина – вели Шаќири.

Главен судија на мечот во Ереван ќе биде Олексиј Деревински од Украина.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло ќе игра против Валмиера од Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот