СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА ОДБИ ПОКАНАТА ЗА ЛИДЕРОТ КИМ ЏОНГ УН: Нема да учествува на самитот на АСЕАН

Северна Кореја ја одби поканата за лидерот Ким Џонг Ун да присуствува на планираниот самит во Сеул со држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) следната недела, објаснувајќи дека „сега не е време” поради затегнатите врски, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Повикот му го упатил на Ким претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин на 5 ноември.

Следната недела, во Бусан, Јужна Кореја, ќе се одржи состанок на лидерите на АСЕАН, за да ја одбележат 30-годишнината на организацијата, а во таа прилика Мун го повика Ким.

Како што објави севернокорејската агенција КЦНА, Северна Кореја се заблагодарила на поканата и побарала од Јужна Кореја да разбере дека „не може да најде никаква легитимна причина за учество на Ким”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот