Сеул го обвини Пјонгјанг дека испраќа илјадници контејнери со муниција за Москва

Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја од јули минатата година досега во Русија испратила околу 6.700 контејнери со милиони парчиња муниција за да ја поддржи војната против Украина, како дел од договорот за размена на оружје, соопштија денеска јужнокорејските медиуми, цитирајќи го министерот за одбрана.

На вчерашната конференција за локални медиуми јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик кажа дека во контејнерите може да има повеќе од три милиона артилериски гранати од 152 мм или 500.000 гранати од 122 мм.

-Можно е, исто така, да се работи за комбинација и може да се заклучи дека се испратени најмалку неколку милиони гранати, рече министерот Шин, пренесе агенцијата Јонхап.

Стотици севернокорејски фабрики за муниција работат со околу 30 отсто од нивниот капацитет поради недостаток на суровини и електрична енергија, а оние што произведуваат артилериски гранати за Русија работат со „полна пареа“, додаде тој, без да го наведе изворот на информации.

Сеул и Вашингтон ги обвинија Пјонгјанг и Москва за трговија со оружје и ја осудија Северна Кореја за снабдување на Русија со оружје за употреба против Украина.

И Русија и Северна Кореја го негираа ова, иако ветија дека ќе ја зајакнат воената соработка.

Американскиот Стејт департмент во петокот објави дека Северна Кореја од септември на Русија и испорачала над 10.000 контејнери со муниција или слична опрема.

Во замена, Северна Кореја добила околу 9.000 контејнери, чија содржина е главно храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот