
Серена Вилијамс за допингот на Јаник Синер: Јас ќе бев суспендирана на 20 години
Американската тенисерка Серена Вилијамс изјави дека ќе била суспендирана на 20 години и ќе ѝ биле одземени некои од нејзините грен слем титули доколку го направела истото кршење на правилата за допинг како и моментно светскиот тенисер број 1, Јаник Синер.
Препорачано
Италијанецот Синер (23) отслужува тримесечна забрана за играње откако постигна спогодба со Светската антидопинг агенција (ВАДА) поради два позитивни теста за забранети супстанции минатата година.
Поранешната светска тенисерка број еден, Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули, во 2018 година тврдеше дека била жртва на „дискриминација“ поради многуте тестови за дрога на кои морала да помине.
Статија од 2018 година на „Дедспин“ откри дека Антидопинг агенцијата на Соединетите Американски Држави (УСАДА) ја тестирала Серена Вилијамс пет пати до јуни истата година, повеќе од двојно повеќе од бројот на други врвни американски тенисерки.
– Го сакам Синер, ми се допаѓа како игра. Тој е одличен за тенисот. Не сакам да биде исфрлен од овој спорт и не сакам да влијаам на тоа, тој е потребен на машкиот тенис. Но, да го направев тоа, ќе ме казнеа 20 години. Да бидеме искрени – ќе ми одземеа неколку гренд слем титули – рече Вилијамс.