фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Сензација во Монте Карло: Беретини го елиминираше првиот носител Зверев

АТП Монте Карло, тениски турнир од серијата Мастерс 1000, денеска донесе големо изненадување кога се резултатите во прашање.

Имено, првиот носител Александар Зверев испадна од ова натпреварување, Германецот кој беше главен фаворит во отсуство на Јанико Синер (допингот е причината поради која Италијанецот не игра), беше поразен во осминафиналето од Матео Беретини.

Италијанскиот тенисер во три сета го совлада Зверев со резултат 2:6, 6:3, 7:5 во меч кој траеше два часа и 29 минути.

Беретини е 34 тенисер во светот, а во осминафиналето го чека победникот од мечот во кој неговиот сонародник, Лоренцо Музети (13. носител) игра против Чехот Јиржи Лехечка.

Претходно испадна уште едно звучно име на турнирот во Монте Карло, Холгер Руне поради болест го предаде мечот против Нуно Боржеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот