Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Селтик се израмни со Ренџерс – по 55. пат стана шампион на Шкотска!

Екипата на Селтик ја обезбеди својата 55. шампионска титула, израмнувајќи се со Глазгов Ренџерс на врвот на шкотскиот фудбал.

„Детелинките“ стигнаа до триумфот со убедливи 0-5 на гостувањето кај Данди Јунајтед, продолжувајќи ја одличната форма и пред последните четири кола во првенството. Триумфот доби и историска димензија благодарение на Џејмс Форест, кој со новиот трофеј стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот со неверојатни 26 титули.

На денешниот меч, македонските репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски влегоа во игра во 59. минута за Данди Јунајтед, иако не успеаја да спречат нова голема победа на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот