
Секс-симболот од 90-тите се појави во јавноста, обожавателите изненадени: „Ти не старееш!“
Славната актерка Хедер Локлир (63) повторно е во центарот на вниманието откако се појави во поткастот „What Do You Want?“, а нејзините обожаватели не можат да поверуваат колку добро изгледа на 64 години. Ѕвездата на култната серија „Мелроуз Плејс“ (Melrose Place) заблеска во бела комбинација за време на снимањето на епизода со нејзината пријателка Џилијан Барбери.
Препорачано
На официјалниот инстаграм-профил на подткастот беше споделена фотографија од сетот со порака: „Поздрав до сите! Имаме целосно нова страница на поткастот! Претходната беше хакирана, па почнуваме одново. Следете нè овде за сите новости – наскоро ќе го објавиме датумот на премиерата!“.
Реакциите на обожавателите не изостанаа, а многумина коментираа дека актерката изгледа неверојатно.
„Хедер изгледа фантастично!“, „Боженствена е“, „Ти едноставно не старееш!“, беа дел од коментарите.

Да потсетиме, актерката светската слава ја стекна со улогата на интригантната Аманда Вудвард во серијата „Мелроуз Плејс“, каде што глумеше од 1993 до 1999 година. Се појави и во продолжението на серијата од 2009 до 2010 година.
Покрај актерската кариера, Локлир беше позната и по својот приватен живот – беше во брак со тапанарот на „Мотли Кру“, Томи Ли, како и со гитаристот на „Бон Џови“, Ричи Самбора.
По турбулентните години и борбата со зависности, кога во 2018 и 2019 повеќепати одеше на рехабилитација, ѕвездата денес изгледа постабилно и посреќно. Долго време беше во врска со својата средношколска љубов Крис Хајсер, со кого повторно се поврза во 2017 година. Иако минатата година се разделија, извори тогаш тврдеа дека биле „во многу добар период“ и дека си носеле среќа еден на друг.
Интересно е што Локлир неодамна во гостување во поткастот „Still the Place“ откри дека мислела оти е престара за улогата во „Мелроуз Плејс“ кога ѝ била понудена. Тогаш имала 30 години.
„Ја гледав серијата и си помислив: ‘О, Боже, ова ќе биде хит, би сакала да бидам дел од тоа, но сум престара’. Вие сите имавте по дваесетина години“, се присети актерката.
Токму продуцентот Арон Спелинг, со кого претходно соработуваше за „Династија“ (Dynasty), инсистирал да се приклучи на екипата. Ја нарекувал своја „среќна паричка“ и сакал да ја подигне гледаноста. На почетокот требало да има само кратка гостинска улога, но рејтингот толку пораснал што набргу станала главна членка на постава и едно од заштитните лица на серијата.
„Му реков на мојот менаџер дека сакам да играм деловна жена, а не повторно Семи Џо од ‘Династија’. Сакав нешто поинакво“, изјави таа.
Некогашниот секс-симбол е во проблеми: Изгледа изгубено и зборува сама со себе на улица