фото: seha-liga.com

СЕХА: РК Вардар 1961 во обид да му се „одмазди“ на Татран Прешов за поразот во Словачка

Денеска од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје составот на играчите на Владо Недановски ќе го играат третиот натпревар сезонава во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ за противник ќе го имаат Татран Прешов од кој загубија на првиот меч во Словачка со 27:23.

Македонскиот шампион ќе се обиде да се „одмазди“ за тој пораз и триумфира со поголема разлика во обидот да биде првопласиран во групата „Б“.

На табелата Татран Прешов и Вардар 1961 имаат по три бодови, ниту еден Партизан, со напомена дека Словаците и Србите до сега имаат само по еден одигран меч.

Тренерот Недановски очекува многу подобро издание на неговите ракометари во однос на првиот натпревар со Татран Прешов.

– Очекувам и публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари – вели Недановски.

За мечевите од СЕХА лигата, против Партизан и против Татран веќе се пуштени во продажба билетите, кои може да се купат преку продажната мрежа на MkTickets.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот