Седумдесет пакети со облека ќе бидат поделени за бездомници во Момин Поток

Црвен крст / Фото:Архива на Слободен печат

Седумдесет новогодишни пакети со облека денеска ќе им бидат поделени на бездомниците во пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток.

Како што информираат од Црвениот Крст, работењето на пунктот за бездомници е поддржано од Град Скопје и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење документи и поддршка за обезбедување услуги од системот на социјална заштита).

Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привременото преноќувалиште, посочуваат од Црвениот Крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот