Фото: Принтскрин/Јутјуб

Седум мисли на Вирџинија Вулф кои имаат моќ да променат нечиј живот

Британската писателка Вирџинија Вулф е една од клучните фигури на модернизмот и авторка на неколку романи полни со автобиографски детали, од кои најпозната е секако „Госпоѓа Даловеј“ од 1927 година.

И покрај начинот на кој го завршила нејзиниот живот и сите контроверзи кои ја следеа, оваа неверојатна жена зад себе остави значајни дела и размислувања за луѓето, жените, животот, литературата … Таа беше една од ретките писателки што живееше од пишување, а своите романи ги печатеше во сопствената печатница.

Овие неколку славни реченици и денес се мотив за голем број луѓе ширум светот:

  1. Не умирајте пред навистина да умрете.
  2. Не губете се себеси, не губете надеж, не губете ја насоката.
  3. Останете живи, со целото свое битие, со секоја клетка од вашето тело, со секое влакно на вашата кожа.
  4. Живејте, учите, проучувајте, размислувајте, градете, измислувајте, создавајте, зборувајте, пишувајте, сонувајте, сакајте…
  5. Останете живи, останете живи во себе, останете живи однадвор, исполнети со боите на светот, исполнети со мир, исполнети со надеж.
  6. Останете живи со радост.
  7. Има само едно нешто во животот што не треба да се троши залудно, а тоа е самиот живот.

Вирџинија Вулф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот