
Седлоски: Уште во втората минута го загубивме натпреварот во Приштина
Шкупи и по вторпат беше совладан од косовскиот Балкани кој веќе на своето европско деби успеа да обезбеди групна фаза, поточно во Лигата на конференции.
Препорачано
Чаирчани по поразот од 1:2 во Скопје, беа совладани и во Приштина со 0:1 и така го завршија настапот на меѓународната фудбалска сцена ова лето.
По завршувањето на реваншот од плеј-офот, тренерот на Шкупи Гоце Седлоски кажа дека неговите играчи го загубија натпреварот уште во втората минута кога црвен картон доби Абдула.
– Победи подобриот, му честитам на Балкани за влезот во групите на Лигата на конференции. Ние го загубивме натпреварот уште во втората минута со црвениот картон. Грешките се случуваат во фудбалот, но да се игра 90 минуто со еден играч помалку е многу тешко. Балкани е добар тим, има висок квалитет, бевме казнети за грешките кои ги направивме тука и во Скопје. Што се однесува до натпреварот, особено во второто полувреме имавме повеќе шанси да постигнеме гол. Но, сега тоа е веќе заборавено, во сеќавање остануваат головите и резултатот. Во овој случај противникот ги реализираше своите шанси и така е во фудбалот – рече Седлоски.
Европското фудбалско лето актуелниот македонски шампион во осум натпревари имаше учинок од една победа, едно реми и шест порази, со гол разлика 8:13.