Опаѓање на косата / Фото: Profimedia

Себореја, дијабетес или нарушувања на тироидната жлезда: Еве што открива косата за нашето здравје

Нашата коса и скалп може да ни укажат на одредени здравствени проблеми, од кои некои се безопасни, додека други бараат третман. Како што објаснуваат лекарите, многу болести се манифестираат токму со промени на косата или скалпот, пишува „Индекс“.

На пример, во случај да се појават црвени дамки со големина на паричка со дебели бели лушпи на нашиот скалп, придружени со чешање, тоа може да биде себореја или себореичен дерматитис. Тоа е хронично воспаление на кожата на себореичните делови од нашето тело, односно на места каде што е зголемен бројот на масните жлезди.

Ако забележиме промени на нашата коса, односно ако стане тенка, кршлива или наеднаш почне да паѓа, лекарите објаснуваат дека, можеби, патиме од нарушување на тироидната жлезда, односно хипертироидизам или хипотироидизам.

Исто така, еден од најраните знаци на дијабетес се проблеми со косата или скалпот. Лекарите тврдат дека луѓето со оваа болест често имаат тенка и кршлива коса, како и губење на косата. Една неодамнешна студија на оваа тема покажа дека дијабетес тип 2 предизвикува губење на косата поради зголемен шеќер во крвта.

Чешањето на скалпот може да биде и знак за псоријаза, честа и хронична кожна болест за која точната причина не е позната. Сепак, експертите сметаат дека симптомите се поизразени кога човек е под стрес или има ослабен имунитет.

14 здрави намирници за дијабетичари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот