Се жалела поради лакот за нокти на келнерката – Водителката ја разбесни јавноста, а приказната од нејзините вработени го покажа нејзиното вистинско лице

Познатата телевизиска водителка пред камерите секогаш е насмеана и расположена, меѓутоа, кога ќе се угасат тие, таа, како што велат нејзините вработени, воопшто не е таква.

Имено, Елен Деџенерис секоја своја емисија ја завршува со љубезни поздрави и со насмевка. Но, „The York Post“ пишува дека таа не е секогаш таква каква што ја гледаме на малите екрани.

„Ме нервира тоа што луѓето мислат дека е слатка и дека се прави со леснотија – призна нејзин поранешен вработен, кој смета дека Елен, освен што е најбогатата комичарка на светот, исто така е и најбезобразната“.

Исто така, се појавија се повеќе Твитови во кои ја напаѓаат поради тоа што се жалела на лакот за нокти на една келнерка во ресторан во Лас Вегас и наредила оние кои се „пониска класа од неа“ да не остваруваат контакт очи во очи.

„Бев возбудена кога ја видов Елен, знаев дека прави нешто што е поврзано за мене, па си помислив дека можеби сака да ме повика во својата емисија. Но, таа всушност му се жалеше на мојот работодавец за мојот лак за нокти. Не можев да верувам“, изјавила тогаш келнерката.

На неа се пожали и нејзиниот поранешен телохранител Том Мајерчек кој изјави дека Елен е непријателски расположена.

„Елен само намуртено ќе ме погледнеше, не знаеше да каже ниту „здраво“ или пак „фала што ги чуваш мојата мајка, жена и мене“. Беше многу ладна и ги понижуваше сите луѓе кои не се наоѓаат во нејзиниот близок круг или пак оние кои не се исто успешни како неа“, изјави Том.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот