
Се забранува движење на „Вардариште“, за решавање на депонијата е задолжен Изет Меџити
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната седница предложил до Владата, а таа ги усвоила заклучок за забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба.
Препорачано
За надлежен за оваа проблематика Владата го назначила првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Како што соопштија од „Илинденска“, заклучоците се донесени по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“.
„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје
„Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип“, велат од Владата.
„Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација во и околу Вардариште и ќе биде вклучена до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани“, пишува во соопштението.