
Се скарале поради политика: Ја извадила коската од супата и го истепала сопругот, тој завршил во болница
Полицајците од полскиот град Бартошице привеле 44-годишна жена откако во текот на расправија со сопругот извадила коска од супата – и почнала да го удира.
Препорачано
Поводот за тепачката биле резултатите од изборите во локалната самоуправа, а мажот завршил во болница со крваво лице, пренесува Тајсол.
Бизарната приказна го привлече вниманието на локалните медиуми, а снимката на дневникот ТВН24 стана вирална.
– Политиката може да биде брутална и опасна. Маж на 48 години е однесен во болница облеан во крв по расправија со сопругата – рекол ТВ-репортерот Мариус Сидоркевич во својот извештај.
Тој додал дека емоциите го достигнале својот врв и не стивнувале сè додека полицијата не пристигнала на местото на настанот.
– Сослушувањето на жената е закажано за денеска, бидејќи треба да се отрезни. Планирано е и претрес на станот, бидејќи коската некаде се изгубила – заклучил Сидоркевич.
Тогаш камерата се вратила во студиото, а водителката не можел да престане да се смее. Во позадина се слушало и смеењето на другите членови на тимот.
Корисниците на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, не ја пропуштија можноста да го коментираат случајот.
„Да го нападнеше со нож, веројатно немаше да има смеење“, напишал еден, додека друг додал: „Ох, овие еднакви стандарди и стандарди“.
Żona atakuje męża – powód do śmiechu
Mąż atakuje żonę – powód do narodowej dyskusji i zmian w Polskim prawie
TVN jak zwykle z rakiempic.twitter.com/XT8ySSvlKR
— PapJeż p0lak ???? (@MurzynfrogXXX) April 9, 2024