Се реконструира пешачката патека пред катната гаража „Судска палата“

Фото: Град Скопје

Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од 4 метри.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираат пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ пред катната гаража „Судска палата“.

– Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од 4 метри. На вкупна површина од 1200 квадратни метри се отстрануваат старите и оштетени плочки, а потоа овој потег ќе биде целосно асфалтиран. Изградбата на нови велосипедски и пешачки патеки и обновување на постоечките патеки во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, и овие активности продолжуваат со иста динамика и во наредниот период – информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот