Фото: EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN

Се разбудила гола и со болки во вагината: Уште една жена го обвини Бил Козби за силување

Пејачката Морган Пикард го обвини Бил Козби за сексуален напад.

Таа поднела нова тужба во Њујорк во која тврди дека 86-годишниот актер ја дрогирал и силувал откако се запознале во 1987 година. Таа тврди дека Козби ја поканил на сетот на „The Cosby Show“ со образложение дека сака да ѝ помогне во кариерата.

Таа додала дека актерот постојано ѝ носел пијалоци и инсистирал таа да пие. Пикард верува дека во пијалокот имало дрога бидејќи, како што тврди, се онесвестила кратко откако го испила. Во судските документи таа навела дека во една таква ситуација „се разбудила гола во хотелска соба со болки во вагината“. Тоа, како што вели, ја навело да поверува дека била силувана.

За потсетување, во средината на јуни уште девет жени го обвинија Бил Козби за сексуален напад во тужба во која се тврди дека ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да ги злоставува. Вкупно, повеќе од 60 жени го обвинија Козби за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите наводи за сексуални злосторства.

Тој беше првата славна личност која беше осудена во ерата #MeToo и помина речиси три години во затвор во близина на Филаделфија пред високиот суд да ја поништи неговата пресуда и да го ослободи во 2021 година.

Уште девет жени го тужат Бил Козби за сексуален напад

Бил Козби е виновен: Ќе мора да исплати 500.000 долари за сексуално злоставување

Актерот Бил Козби излегува на слобода – укината пресудата за сексуално вознемирување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот