Се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман од македонскиот пазар

Киндер чоколада/ Фото Utrecht Robin/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро” во земјава, на барање на производителот „Ферерo“ го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче.

Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Ферерo“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.

– Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected], се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот