Се повеќе жртви на патиштата во Косово, 19 загинати за неполни три месеци

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Животите на луѓето на патиштата и улиците згаснуваат поради несоодветната брзина, условите на патот и немањето обележани премин.

Во последните недели во Косово се регистрирани голем број сообраќајни несреќи, односно за неполни два и пол месеци на патиштата загинале 19 лица, меѓу кои има и деца.

Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи за Телеграф изјави дека само во првите два месеца од 2023 година се случиле 18 сообраќајни несреќи со смртни последици, во кои загинале 17 лица.

Во првите денови од март, на автопатот „Ибрахим Ругова“ на излезот Мазгит-Косово Поље се случила уште една фатална сообраќајна несреќа каде загинала една жена, додека последниот случај се случи во петокот во Ветерник, Приштина.

Во текот на јануари и февруари се случиле вкупно 2.729 сообраќајни несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот