Фото: Општина Бутел/Фејсбук

Се поништуваат 11 маркички за згради во Бутел

„Денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16. За ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се уцртани во предлог планот. Воедно сите политички партии кои се дел од Советот ја прифатија иницијативата на граѓаните за промена на трасата на бул. ‘Боца Иванова’“ напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој посочи дека „едногласно Општина Бутел и кажа НЕ на Данела Арсовска. Ова се прави за нашата иднина, се со цел да се зачува мирниот, спокоен живот кој што го сакаат и бараат граѓаните на општина Бутел. Општина Бутел треба да дише а не да се дави во бетон и да се гради на секој слободен простор“.

Костовски напомена дека „на денешната седница на Советот на Општина Бутел се изгласа и иницијатива за поништување на ДУП С15.10 и С15.13 кој се наоѓа покрај булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Ова е можност за Арсовска да го реализира ветувањето кон граѓаните на Хо Ши Мин за изградба на мега парк кој е од голема потреба!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот