Сè почеста појавата на палење стрништа на крајниот Исток од државата

Палењето оган на отворено е забрането, поради што за сторителите предвидени си високи парични казни, во износ и до 5.000 евра.

Сè почеста појавата на палење стрништа на крајниот Исток од државата. Надлежните од противпожарните служби од Пијанечко-малешевскиот регион со апел да се пријавуваат ваквите појави од страна на граѓаните, бидејќи се едни од најчестите предизвикувачи на огнени стихии.

-Имаме релативно топло време кое е погодно за пожари, чии главни предизвикувачи се запалени стрништа. Поради палењето стрништата и сувата трева често зафатени се шумските површини, гори борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост. Поради тоа под итно апелираме оваа појава да престане, велат пожарникарите од делчевската и беровската Територијална противпожарна единица.

Палењето оган на отворено е забрането, поради што за сторителите предвидени си високи парични казни, во износ и до 5.000 евра. Годинава во Пијанечко-малешевскиот регион во споредба со минатата година како што додадоа пожарникарите е намален бројот на пожари.

-Најголем дел од интервенциите се на пожари на објекти и на отворен и затворен простор. За среќа тие се во помал обем од минатата година, при што особено се зачувани шумските подрачја, каде речиси и да немаше пожари годинава, додадоа пожарникарите од општините Делчево и Берово.

Од Територијалните противпожарни единици за време на летните горештини, испратија апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за движење во шума и притоа да избегнуваат палење на оган на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот