Instagram

Се омажи ќерката на Стинг – Музичарот одржал емотивен говор со кој ги расплакал присутните

Ќерката на познатиот музичар Стинг, Фушија Кејт Самнер, се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер Макс Рајт на раскошна тридневна прослава во сицилискиот град Ното.

Стинг, како татко на невестата одржал емотивен говор со кој расплакал многу гости. За време на церемонијата се случил и мал моден инцидент, кој на крајот бил успешно избегнат.

Гостите пристигнале во градот неколку дена пред церемонијата, уживајќи во разгледувањето на градот.

Невестата избра венчаница од „Валентино“ за оваа посебна пригода, додека младоженецот носеше полежерна комбинација од кафеави панталони и кошула со боја на лешник. Церемонијата се одржа на неколку престижни локации, вклучувајќи го театарот „Тина ди Лоренцо“ и „Палацо Николачи“, додека градските власти обезбедија посебни услови за организацијата и сообраќајот во центарот на Ното.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY SUMNER (@sumnermickey)

Освен Стинг, на венчавката беше присутна и неговата втора ќерка Мики Самнер, која е многу блиска со Кејт. Двете сестри споделија неколку заеднички фотографии од прославата на социјалните мрежи.
Венчавката го привлече вниманието на јавноста поради луксузот и познатите гости, но и поради посебното значење што Сицилија го има за семејството на Стинг.

Градоначалникот на Ното, Корадо Фигура, му подари на Стинг книга за градот и познатата Инфиората, како знак на благодарност за споделувањето на толку важен момент со локалната заедница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY SUMNER (@sumnermickey)

Иако деталите од церемонијата беа обвиткани во тајност поради договор за приватност, локалните медиуми објавија дека прославата и придружните настани траеле од 10 до 12 јули, а меѓу гостите имало познати имиња од светот на музиката, како што се Шеги и Ерик Клептон. Целиот настан бил обележан со семејни настапи и емотивни моменти, особено говорот на Стинг, кој уште еднаш покажа колку му значи семејството и колку е горд на својата ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот