
Се огласи Обвинителството за инцидентот во Торино: Нема индиции дека Андреа имала намера да го исмее и омаловажи знамето
Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување“, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.
Професор Буџакоски за потегот на Андреа во изјава за „Слободен печат“: Да не ја напаѓаме или браниме, да ги видиме мотивите!
Претходно професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, излезе со свој коментар во кој оценува дека Андреа очигледно се збунила и немала намера да го омаловажи државното знаме.
Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.