Се одржа третата Зелкаријада во делчевско

зелка
pixabay

Во делчевското село Тработивиште вчера се одржа третата по ред манифестација Зелкаријада 2023. Настанот се одржа во дворот на подрачното училиште „Св.Климент Охридски” со присуство на бројни гости од Делчево, но и од цела Малешевија и Пијанец. Тие имаа можност да си купат зелки и други градинарски производи кои се продаваа на поставените тезги.

-Иницијаторите и организаторите на Зелкаријадата се група ентузијасти – Венко Иванов, Џелал Садулов, Фиданчо Цинцовски, кои со своите соработници се погрижија гостите да бидат почестени со традиционалните салата и манџа од зелка. За музичкиот дел од програмата беше ангажирана музичка група. Целиот ден во училишниот двор помина во играње и пеење песни и ора од страна на учесниците, истакна Васил Маневски, новинар во пензија по потекло од Тработивиште.

Тој додаде дека манифестацијата се организирала со заеднички напори на организаторите, пензионираниот полицаец Миле Велков, со помош од месното население, донатори и спонзори.

-Тработивишката Зелларијада ќе продолжи да се одржува и во иднина. Се разбира, со побогата и поосмислена концепција и со културно-уметнички содржини, додаде Маневски.

Во село Тработивиште зелката е најзастапената земјоделска култура и се одгледувала со децении. Иако низ годините била основен земјоделски производ, од чие производство и продажба егзистирале голем број семсејства, во последните години нивниот број е сведен на минимум. Поради миграцијата,  само десетина семејства сега се целосно посветени на одгледувањето зелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот