Се обновува водоводната мрежа на две улици во Илинден и Марино

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден со цел да обезбеди поквалитетни услуги, побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве работи на обнова и модернизација на главната водоводна мрежа на улица 9 во населба Илинден и на улица 532 во Марино, во должина од 600 метри.

Градоначалникот Александар Георгиевски појаснува дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефекти и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.

Од Илинден соопштуваат дека обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општината во соработка со општинското јавно претпријатие и во наредниот период ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот