Фото: Stefan Ziese / akg-images / Profimedia

Се менуваат сообраќајните знаци во Цирих: Ќе има жени, трудници, хомосексуални парови

На уличните сообраќајни знаци во Цирих, на кои досега имаше само мажи, ќе има и жени, бремени жени, геј парови, како и постари граѓани со стапчиња за одење.

Таа мерка беше усвоена од градскиот парламент откако гласаше за предлогот на Социјалдемократската партија за родова еднаквост, пишува „Свисинфо“ (Swissinfo).

Левичарското политичко мнозинство ја усвои таа иницијатива со 73 гласа „за“ и 41 „против“. Сега градскиот совет ќе размисли како знаците, кои досега беа „машки“ да бидат поразновидни.

Швајцарската народна партија ја оцени иницијативата како „глупост“, нагласувајќи дека нема да придонесе за еднаквост, додека Радикалната партија смета дека е „целосно непотребна“ и ги оптоварува даночните обврзници.

Предлогот на Социјалдемократската партија беше инспириран од градот Женева, кој замени половина од неговите „машки“ знаци во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот