Соларни панели/Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Се гради соларна електрана која ќе произведува електрична енергија дури и ноќе

Обединетите Арапски Емирати прават голем чекор во насока на енергетска транзиција. Се гради соларна електрана која ќе произведува електрична енергија дури и ноќе.

Дубаи и националната компанија за електрична енергија DEWA го развиваат „Сончевиот парк Мохамед бин Рашид Ал Мактум“, кој, по завршувањето, ќе стане најголемиот соларен парк во светот. Овој мегапроект се гради околу 50 километри јужно од Дубаи, а се планира да достигне вкупен капацитет од 5.000 мегавати (MW) до 2030 година. Изградбата на паркот е клучен дел од „Стратегијата за чиста енергија во Дубаи 2050“, која има за цел значителен дел од енергијата на ОАЕ да доаѓа од обновливи извори.

Проектот се развива во неколку фази, комбинирајќи фотоволтаични (PV) и концентрирани соларни (CSP) технологии. Првата фаза беше завршена во 2013 година, а третата фаза вклучува дополнителни технологии за складирање на енергија, што овозможува производство на електрична енергија дури и во текот на ноќта. Само во 2025 година се очекува да се додадат 800 MW нов капацитет.

Соларни панели и чиста енергија: Бугарија станува „зелена“

Особено важен дел од паркот е CSP технологијата, која овозможува складирање на сончева енергија и нејзино користење кога нема сончева светлина. Покрај електраната, се гради и „Иновацискиот центар“, посветен на истражување и развој на нови технологии и тестирање на современи соларни уреди.

Кога ќе биде целосно завршен, „Сончевиот парк Мохамед бин Рашид Ал Мактум“ ќе намали повеќе од 6,5 милиони тони емисии на јаглерод диоксид годишно, што го прави еден од најважните проекти во светот во борбата против климатските промени.

Со овој проект, ОАЕ се позиционира како глобален лидер во зелената енергија. Во Абу Даби веќе е изградена сончевата електрана „Нур Абу Даби“ со капацитет од 1,1 GW, а планирана е и изградба на „Ал Аџбан Солар ФВ ИПП“, која треба да донесе дополнителни 1,5 GW до 2026 година.

Почна со работа првата фабрика за производство на соларни панели во Србија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот