Се бележат улици низ Скопје

Фото: Слободен печат / Архива

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот екипите на Град Скопје изминатиов период ја обележуваа хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари, меѓу кои и на улиците Ѓорче Петров и Сарај и на булеварите Трета македонска бригада и Александар Македонски.

Со боја и со ладна пластика се обележани автобуските постојки и пешачките премини, а обележан е и кружниот тек на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. На булеварот Александар Македонски, пак, се поставени катадиоптри кои овозможуваат подобра видливост на хоризонталната сигнализација, односно подобра рефлексија на средишната линија.

Во текот на денешниот ден ќе се бележи хоризонталната сообраќајна сигнализација на улицата Лука Геров, а на кружниот тек на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се поставуваат делинеатори за одвојување на коловозните ленти.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот