Се бара решение за обезбедување проодност на коридорите за транспорт на стоки

Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на Србија на линија – бараат решение за застојот на транспортерите на српско-македонската граница.

Стопанската комора на Македонија соопшти дека активно комуницира со Стопанската комора на Србија во врска со информациите дека има застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница.

Комората ги информира компаниите и дека Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која определи гранични премини за влез и излез на стоки кои транзитираат низ таа држава. Деталите за таа одлука компаниите можат да ги најдат на интернет страницата на Стопанската комора.

-Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија во постојниот период е обезбедување проодност на коридорите за транспорт на стоки. Така, во врска со информациите за застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница, Комората е активно вклучена во комуникација со Стопанската комора на Србија, и заедно со Владата на Република Србија се работи на отстранување на пречките, наведува Комората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот