Фото: EFE/EPA/MARTIN DIVISEK

Се апсат градежни претприемачи-измамници, Ердоган најава обнова на градовите за една година

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска изјави дека ќе се проширува истрагата за градежните претприемачи кои се осомничени дека ги прекршиле безбедносните стандарди за градба, по разорниот земјотрес што ја погоди земјата, а во кој загинаа над 43.000 лица.

Сојлу денеска изјави дека досега се идентификувани 564 осомничени, од кои 160 лица се формално уапсени и дека голем број се под истрага, пренесуваат британските медиуми.

„Нашите градови ќе се градат на соодветни места, нашите деца ќе живеат во посилни градови. Знаеме каков тест ни претстои и од ова ќе излеземе посилни“, изјави министерот за државната телевизија ТРТ.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека во рок од една година ќе бидат обновени сите станбени згради.

Сојлу денеска додаде дека во регионот на земјотресот веќе се кренати околу 313.000 шатори и дека дополнително се поставуваат 100.000 контејнерски куќи.

„Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција до денеска се зголеми на 43.556, рече тој.

Министерот прецизираше дека по разурнувачкиот земјотрес имало 7.930 последователни потреси и дека повеќе од 600.000 станови и 150.000 комерцијални објекти се најмалку умерено оштетени.

Според министерот за урбанизација Мурат Курум, уништени или сериозно оштетени се 164.000 згради со повеќе од 530.000 станови.

Околу 865.000 лица живеат во шатори, а 23.500 во контејнерски куќи, додека 376.000 се во студентски домови и куќи надвор од зоната на земјотресот, рече претседателот Ердоган.

Професорот доктор Ѓорур ги повика граѓаните на изборите во мај да не го даваат својот глас за партии што во програмите не нудат решение како да обезбедат заштита на луѓето од честите земјотреси што ја погодуваат земјата

Се доближуваат изборите и барајте од сите партии во програмите да објаснат што ќе прават со безбедноста од земјотреси, им порача на граѓаните истакнатиот акедемик и геофизичар, професорот доктор Хаџи Ѓорур. Тој ги повика граѓаните на изборите во мај да не го даваат својот глас за партии што во програмите не нудат решение како да обезбедат заштита на луѓето од честите земјотреси што ја погодуваат земјата.

Турција има строги правила за градење со кое зградите се штитат од земјотреси, но тие често не се почитуваат, што можеше да се види по двата силни потреса, кога се урнаа илјадници згради во погодените области.

130 градежници уапсени во Турција, згради што ги граделе се урнале во земјотресот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот