Земјоделство / Фото: Архива на Слободен печат

СДСМ: Во тек е распределба на картички за зелена нафта, 200 милиони денари назад кон над 40.000 земјоделци

Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Гоце Георгиевски вели дека грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата денеска изјави дека грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата.
 
Според него за тоа сведочи мерката „зелена нафта”, која е една од најзначајните мерки која ја ветивме за земјоделците и ја остваруваме во континуитет, веќе трета година по ред.
„Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација“ вели Георгиевски.
Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната.
Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра,
„И покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, успеавме да го заштитиме земјоделскиот сектор. За нас зборот е збор и успеваме да исполниме се што ветивме пред граѓаните.“ додаде тој.
Досега исплатени се околу 84% од предвидените средства за субвенции, а започната е и распределбата на картичките за зелена нафта низ целата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот