Панче Тошковски / Фото: принтскрин

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Велес

СДСМ денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и од цело СВР Велес по трагедија во Велес, во која беше убиена млада жена и нејзиниот татко.

Од партијата денеска пред МВР порачаа дека оваа трагедија можела да биде спречена.

„Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми. Жената повеќе пати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст. Страшно и болно истовремено. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.

Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен“ порачаа од опозициската партија.

Жените во Македонија, како што велат, не смеат да живеат во страв за својот живот и својата безбедност, само затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.

„Ние денес сме тука да кажеме: доста е! Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“ прашаа од СДСМ.

ОЈО за злосторството во Велес: Убиецот не боледувал од душевна болест, бил пресметлив и имал забрана за приближување до жртвата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот