Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Савовски: Треба повеќе да вложиме и ќе бараме резултат во Златната европска лига
Трета година во низа најдобрите македонски одбојкари ќе учествуваат во ЦЕВ Златна европска лига. Во претходните две изданија Македонија беше во долниот дел на табелата, но избраниците на Јошко Миленкоски се расположени годинава да ја сменат таквата позиција.
Препорачано
Секако приоритет се евроквалификациските дуели со Грција и Грузија во август каде го „бркаме“ пласманот на четвртиот континентален собир во низа, додека учеството во Златната европска лига е дел од процесот на темпирање на формата за тој двомеч.
Сепак, доколку се укаже шанса нашите репрезентативци нема да ја пропуштат:
– Трета по ред година во Златната европска лига. На кормилото на селекцијата се враќа Јошко Миленкоски што искрено мене ме радува и сигурен сум дека многу значи и за останатите, во оваа сега веќе многу подмладена селекција. Со оглед на тоа дека трета година сме дел од ова натпреварување мислам дека треба повеќе да вложиме и ќе бараме резултат. Што се однесува до квалификациите, тие следуваат потоа. Секако дека преку Златната лига ќе ја темпираме формата и за евро – квалификациите и потоа и таму ќе бараме резултат – вели средниот блокер на репрезентацијата, Филип Савовски.
Репрезентацијата без никакви проблеми и со полна пареа тренира во салата „Парк“ во Струмица. Одбојкарите в петок патуваат за Марибор, Словенија, каде на 24 и 25 мај ќе одиграат два пријателски натпревари против Хрватска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
30мин
-
44мин
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5