Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо / Фото: Entertainment Pictures, Entertainment Pictures / Alamy / Profimedia

Сара Џесика Паркер откри драматичен детаљ за улогата во „Сексот и градот“: Не бев подготвена за навредите…

Сара Џесика Паркер призна дека не била подготвена за коментарите на јавноста за нејзиниот физички изглед кога „Сексот и градот“ премиерно се појави во 1998 година.

„Имаше моменти кога беше навистина срамно затоа што луѓето имаа мислења, а тие не се однесуваа на мојата работа“, изјавила 60-годишната актерка на водителот на подкастот Алекс Купер во емисијата „Call Her Daddy“.

Паркер додаде дека понекогаш била фрустрирана од погрешните толкувања на гледачите за нејзиниот лик, Кери Бредшо, но рече дека личните навреди најмногу ја погодиле.

„Тоа беа лични работи за кои навистина не бев подготвена. Мислев дека сум прилично самоуверена личност во тоа време“, рече таа, објаснувајќи како самодовербата е предизвикана и тестирана во такви ситуации.

И покрај сето тоа, Паркер рече: „Знам дека го знаеш тоа – овие искуства нè обликуваат и нè прават посилни, но не сите знаеме како веднаш да се справиме со тоа“.

Кога ја прашале дали може да ги наброи некои од најострите коментари што ги слушнала, Паркер рекла: „Мислам дека тоа беа коментари за мојот физички изглед. Работи што не можев да ги сменам и не би ги сменила, и никогаш не сум размислувала за тоа – дури и откако слушнав нешто како: „Чекај? Дали некој навистина би го рекол тоа?“

Мајката на три деца, која е во брак со актерот Метју Бродерик од 1997 година, исто така се присети на еден особено болен момент кога „едно списание напиша нешто навистина лошо“ за нејзиниот изглед.

„Како да ме погодија таму каде што најмногу ме боли“, признала таа. „Помислив: „Зошто е ова проблем? Зошто ова вреди да ти се одвои време и зошто уживаш во ова?“

Паркер признала дека забелешката – која не сакала да ја повтори – ја погодила толку силно што „се расплакала затоа што се чинеше дека е намерна, дека имала намера да повреди“. Таа верува дека тоа бил „единствениот пат кога навистина плачела поради негативни коментари за нејзиниот изглед“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот