Фото: pexels-cottonbro

Само што се фарбавте на фризер? Еве што не треба да ѝ правите на косата потоа

Се чувствувате фантастично кога ќе излезете од салонот со свежа боја и здрава, сјајна коса. Но, вистинскиот предизвик е да го задржите тој изглед откако ќе се вратите на вашата дневна рутина за нега на косата.

Еве неколку грешки кои експертите ве советуваат да ги избегнувате за да ја одржите вашата бојадисана коса свежа и здрава:

1. Превисока температура на уредот за стајлинг

Ако често користите топли апарати, фризерот Лоран Сен-Крок препорачува намалување на температурата.

Премногу топлина може да ја оштети косата, предизвикувајќи кршење и сувост, па дури и печење на косата. Секогаш нанесувајте средство за заштита пред сушење или виткање.

2. Пречесто миење на косата

Честото миење може да предизвика губење на бојата и сува коса.

“Шампонот ги отстранува бојата и влагата. Наместо тоа, користете регенератор еднаш неделно, кој ќе го отстрани маснотијата додека ги хидрира краевите”, советува славниот стилист Кит Шор.

3. Напуштање на салонот со мокра коса

Експертот за бои, Бет Минарди, препорачува да се држите до сушење со фен по боењето.

“И вие и вашиот колорист треба да ја оцените бојата на сува коса за да бидете сигурни во резултатите. Исто така, фенирањето ќе ви овозможи да го напуштите салонот со совршено стилизирана коса”, вели Минарди.

4. Користење на евтина боја за прикривање на корените

Сен-Крок истакнува дека евтините бои често содржат груби хемикалии кои можат да ја оштетат косата.

„Наместо тоа, користете спреј или шампон што го крие коренот за да ги неутрализирате несаканите тонови“, советува тој.

5. Грубо чешлање по боење

Кит Шор предупредува дека косата е почувствителна после боење.

„Избегнувајте да поминете со метален чешел низ сува коса. Нанесете регенератор и користете четка на влажна коса за да спречите кршење“, советува тој.

7. Користење на неквалитетен шампон

Сен Крок препорачува избегнување на шампони со сулфати кои ја сушат косата и ја избледуваат бојата.

„Добриот шампон за обоена коса е од суштинско значење за одржување на нејзиното здравје и живост“, забележува Сен-Крок.

8. Одење на базен веднаш по боење

Ако планирате да одите на базен или на одмор, фризерите препорачуваат да ја бојадисате косата барем една недела претходно. Така бојата ќе трае подолго, а хлорот нема да ја оштети косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот