Матео Салвини / Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Салвини со критики кон Ердоган поради неговата изјава за Хамас

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини ја осуди изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Хамас, велејќи дека таа е „тешка и одвратна“.

Матео Салвини му предложил на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани официјално да го повика на разговор турскиот амбасадор, се вели во нота од кабинетот на вицепремиерот.

Претходно денеска Ердоган изјави дека палестинсската милитантна група Хамас не е терористичка, туку ослободителна организација група која се бори да ја заштити својата земја.

Хамас е милитантна, исламистичка палестинска група. Хамас не ја признава државата Израел и, според сопствените изјави, сака да ја уништи земјата. Европската Унија, САД и некои арапски држави го класифицираат Хамас како терористичка организација.

Хамас е составен од различни воени групации, вклучително и бригадите Касам, кои извршија многу напади и самоубиствени бомбашки напади против Израел во последните години. Организацијата вклучува и политичка партија и хуманитарни групи.

Ердоган го нарече Хамас „ослободителна организација“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот