
Салата со пилешко месо: Рецепт за здрав и избалансиран оброк кој е готов за кратко време
Салатата со пилешко е кралица на салатите како оброк. Таа е сакана низ целиот свет бидејќи бргу се подготвува, содржи малку калории, а можете да ја збогатите со зеленчук, семки, мешунки, тестенини и, всушност, сè што ќе ви текне, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Има толку многу можности што никогаш не мора да ја повторите истата комбинација, но ако сте ја нашле вистинската – зошто да не?
Едноставната пилешка салата може да биде комплетен и избалансиран оброк, во чиј вкус ќе уживате.

Потребни состојки:
- 150 г пилешки гради
- 50 г тестенини по избор/зелена салата доколку сакате поздрава верзија
- половина авокадо (исечено на коцки)
- 1/4 свежа краставица (исечена на кругчиња)
- половина црвен кромид (исечкан)
- 5 чери домати (преполовени)
- 5 топчиња моцарела
За преливот:
- 3/4 чаша маслиново масло
- 1/4 чаша вински оцет
- 1 лажичка сув магдонос
- 2 супени лажици пармезан
- 1 лажичка мешавина од медитерански или италијански зачини
- бибер
Подготовка:
Пригответе ги пилешките гради и исечете ги на коцки. Измијте го зеленчукот, исечете го и измешајте го во еден сад. Сварете ги тестенините според упатството и додадете ги во зеленчукот.
Измешајте ги зеленчукот, пилешкото месо и тестенините и прелијте ги со подготвениот прелив.
На здравје!