
Сакате мала, но значајна промена? Овие фризури ќе доминираат во 2025.
Се чини дека 2025 година ќе ја одбележат и голем број тренди фризури. Ова е добра вест за сите оние дами кои се обидуваат да најдат свој личен печат кога станува збор за стилизирање на косата.
Препорачано
Во следниот текст ви претставуваме 5 фризури кои ќе ја одбележат 2025 година.
1. Француски Боб: низок, елегантен и софистициран
Ретко кој може да му одолее на женскиот боб, особено сега кога тој доби допир на софистицираност. Според последните прогнози, францускиот боб е „must have“ во 2025 година.
Она што е карактеристично за францускиот боб е што не е како класичниот, но има простор за експериментирање. Може да се каже дека овој тип на фризура го прослави актерката Лили Колинс.
View this post on Instagram
2. Бринета
Може да се каже дека оваа фризура е нов тренд во светот. Подобро кажано, во светот на боите. Основата за оваа фризура е кафеава, а потоа има прамени во боја на мед.
View this post on Instagram
3. Ретро волумен – враќање на 90-тите
Косата со висок волумен инспирирана од супермоделите од 90-тите се враќа во тренд. Доколку сакате да зрачите со самодоверба и сила, оваа фризура е идеалната промена за вас.
View this post on Instagram
4. Влажни бранови
„Влажните“ бранови стануваат сè попопуларни, благодарение на големите модни ревии. Стилот ги комбинира брановите со влажен ефект, создавајќи смелост и елеганција.
View this post on Instagram
5. Мали плетенки – враќање на 2000.
Се чини дека малите плетенки се омилената фризура на младите. Судејќи според најновите информации, ќе доминира и во 2025 година, а сето тоа благодарение на трендсетерите.
View this post on Instagram