Фото: PickPik

Сакате лосос, но ви е скап? Две риби се поздрави и двојно поевтини

Цената на лососот постојано расте. Оваа риба спаѓа меѓу најчесто консумираните риби во многу земји, а е омилена и во Македонија, цената е околу 1.200 денари, во зависност од видот и местото на купување.

Сепак, лососот има многу слични својства како и некои други, помалку популарни риби, кои се нутритивно многу богати, но повеќе не се во „мода“.

Лососот е лесен за подготовка и многу омилен, особено кај помладата популација.

„Лососот е сина, односно мрсна риба, позната по својата висока содржина на омега-3 масни киселини, кои се клучни за здравјето, а особено за развојот на функциите на мозокот“, објаснува експертот за прехранбена технологија Марио Санчез, објави шпанска „Марка“.

Сепак, постојат и други риби кои далеку поприступачни, а нутритивно не заостануваат зад лососот, дури некои и го надминуваат, а се со значително пониска цена.

„Инчуните и сардините се крајбрежни риби, што значи дека се ловат во близина на брегот, а не на отворено море. Според составот се многу слични на лососот, бидејќи содржат омега-3 масни киселини, и тоа често во уште поголеми количини“, објаснува Санчез.

Додека лососот во просек содржи околу 2,2 грама омега-3 масни киселини на 100 грама, сардините и инчуните неретко имаат и повисока содржина.

Покрај нив, и скушата и осличот се риби кои имаат слични нутритивни својства, но се продаваат по значајно пониски цени. Инчуните и сардините се во просек половина од цената на лососот, а главната причина за тоа лежи во начинот на кој се лови рибата и нејзиното географско потекло – локалниот крајбрежен улов е поевтин и поедноставен во споредба со увозот на лосос од далечни морски области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот