САД загрижени за развојот на иранската нуклеарна програма

Портпаролот на Белата куќа денеска ја изрази длабоката загриженост на САД за развојот на иранската нуклеарна програма, но не потврди дека Иран навистина почнал да произведува ураниум збогатен до 60 проценти во Фордо.

„Продолжуваме да гледаме со длабока загриженост не само на развојот на иранската нуклеарна програма, туку и на континуираното подобрување на неговите капацитети за балистички ракети”, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Тој рече дека САД ќе се погрижат американскиот претседател „да ги има сите потребни опции”.

„Ние секако не го сменивме нашиот став дека нема да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје”, рече Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот