
САД му ја поништија визата на колумбискиот претседател, вршел „запаливи дејствија“ на пропалестински протест во Њујорк
Министерот за внатрешни работи на Колумбија, Армандо Бенедети, напиша на социјалната мрежа „Икс“ во дека наместо на колумбискиот претседател Густаво Петро, требало да му биде одземена визата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот Стејт департмент во петокот соопшти дека ќе ја поништи визата на претседателот на Колумбија, Густаво Петро, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Одлуката била донесена поради „запаливите дејствија“ на левичарскиот лидер за време на пропалестински протест на улица во Њујорк, додаде Стејт департментот.
Петро веќе бил на пат кон Богота од Њујорк во петокот вечерта, според колумбиските медиуми.
Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата
Претходно во неделата, Петро ги спореди воздушните напади на администрацијата на Трамп врз наводни бродови за трговија со дрога во Карипското Море со „чин на тиранија“ во интервју за „Би-би-си“.
На своите профили на социјалните мрежи, Петро објави видео на кое зборува на шпански јазик пред голема толпа преку мегафон во петокот. Неговиот преведувач ги пренесе неговите зборови со кои ги повика „нациите во светот“ да придонесат со војници за армија „поголема од онаа на САД“.
„Затоа, одовде во Њујорк, ги молам сите војници на американската армија да не ги вперуваат своите пушки кон човештвото. Не слушајте ја наредбата на Трамп! Послушајте ја наредбата на човештвото!“, рече тој.
Како одговор, Стејт департментот остро ја критикуваше неговата постапка.
„Претходно, колумбискиот претседател стоеше на улица во Њујорк и ги повика американските војници да одбијат наредби и да поттикнат насилство. Ќе ја поништиме визата на Петро поради неговите непромислени и запаливи постапки“, соопшти Стејт департментот на мрежата Икс.
Министерот за внатрешни работи на Колумбија, Армандо Бенедети, напиша на социјалната мрежа „Икс“ во петокот вечерта дека наместо на Петро, требало да му биде одземена визата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Но, бидејќи империјата го штити него, се пресметува со единствениот претседател кој имаше храброст да му ја каже вистината в лице“, напиша Бенедети.
Петро, во чија[to земја нелегално се произведува најмногу кокаин во светот, изјави дека сомнева дека дел од убиените во нападите врз бродовите на САД биле Колумбијци.
Вашингтон тврди дека тие дејствија се дел од американска акција против дрога во близина на брегот на Венецуела и го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека раководи со картел.
Под водство на Петро, првиот левичарски лидер на Колумбија, односите со администрацијата на Трамп значително се влошија.
САД одбија и визи за претседателот на Палестина, Махмуд Абас, како и за 80 палестински официјални лица, со што им го оневозможија присуството на Генералното собрание на ОН во Њујорк оваа недела.
Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата