САД координираат дипломатски одговор за да се спречи ескалација

Ентони Блинкен  – државен секретар на САД изјави дека ги поминале изминатите 36 часа „координирајќи го дипломатскиот одговор за да се обидат да спречат ескалација“.

„Силата и мудроста мора да бидат различни страни на иста монета“, рече Блинкен повикувајќи го Израел да покаже воздржаност во својот одговор.

Блинкен истакна дека е во контакт со колегите во регионот „и ќе продолжи да го прави тоа во часовите и деновите што доаѓаат.

„Не бараме ескалација, но ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Израел и да го штитиме нашиот персонал во регионот“, рече Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот