САД и ЕУ побараа итно намалување на тензиите и спроведување на договорот меѓу Белград и Приштина

Фото: МИА

Заедничката декларација на крајот од самитот ЕУ-САД што се одржа во Вашингтон ја потврдува заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и поддршката за европската перспектива на регионот.

„Сите партнери треба да продолжат со реформите кои се потребни за напредок на нивниот европски пат“, се наведува во завршниот документ на крајот од средбата меѓу лидерите на ЕУ и американскиот претседател Џо Бајден, пренесува РСЕ.

Посебен став во заедничката декларација се однесува на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„Ја нагласуваме потребата Косово и Србија итно да ги деескалираат тензиите и брзо и безусловно да спроведат договор на патот кон нормализирање на нивните односи и враќање на дијалогот со поддршка на ЕУ“, се вели во декларацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот