САД го потврдија продолжувањето на Нов СТАРТ

Фото: Bildagentur-online/Ohde / Alamy / Alamy / Profimedia

САД денеска го потврдија продолжувањето на петгодишниот договор за контрола на нуклеарно оружје Нов СТАРТ, што Русија веќе го потпиша, соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го заштити американскиот народ од нуклеарни закани со повторно воспоставување на лидерството на САД во контролата и неширење на оружјето, се додава во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин на 29 јануари потпиша продолжување на тој договор.

– САД денеска го прават првиот чекор во исполнувањето на тоа ветување со продолжување на договорот Нов СТАРТ со Руската Федерација за пет години, изјави Блинкен.

Нов СТАРТ истекуваше на 5 февруари. По стапувањето на функцијата на 20 јануари, Бајден предложи продолжување на договорот за пет години, што Кремљ веднаш го поздрави.

Според договорот Нов СТАРТ потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, на двете страни им е дозволено да имаат максимум 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени ракети и бомбардери, кои се проверуваат со инспекции.

Нов СТАРТ е единствениот преостанат договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија, откако прво САД и потоа Русија се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF) од 1987 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот